ДАЛИ Е МОЖНО ТОА ВО ГОЛЕМАТА ГЕРМАНИЈА?

Колку години има Мукоко?

Младиот фудбалер на Борусија од Дортмунд Јусуфа Мукоко стигна во центарот на вниманието на германските медиуми откако за селекцијата на Германија до 16 години постигна три гола.

објавено: 14 септември 2017 - 11:30

Прашањето е колку години има Јусуфа Мукоко?

За што всушност станува збор? За еден млад фудбалер на Борусија од Дортмунд кој пред извесно време дојде во центарот на вниманието на германските медиуми откако за селекцијата на Германија до 16 години постигна три гола.

Овој 12. годишен фудбалер беше стрелец за „панцерите" на средбата против Австрија, а два дена подоцна против истата селекција даде уште два во победата од (2:1).
Ова голобрадо момче досега е стрелец на дури 13. голови на пет натпревари за тимот од Дортмунд до 17 години. Но под сомнеж е ставен неговиот извод од матичната книга на родените кој е издаден во главниот град на Камерун, Јаунде.

„Веднаш по раѓањето го регистрирав Јусуфа во германската амбасада во Јаунде. Имаме германска 'крштеница' "- вели таткото на младиот фудбалер, Џозеф Мукоко.

Во овој документ пишува дека Мукоко е роден на 20. ноември 2004 година во Камерун но медиумите во Германија и понатаму не се убедени дека е тоа точно.
Во овој случај се вклучи и Фудбалскиот соуз на Германија, кој потврди дека ништо не е спорно, и дека на таа тема е веќе разговарано со претставници од Борусија.
Засега Мукоко нема за што да „се секира", но јасно е дека ќе мора да причека за деби за првиот тим. Според правилникот на германскиот сојуз, тоа може да го направи само со полни 17 години.

 

Најново во Меѓународен Фудбал