АНГЛИЧАНИТЕ ТВРДАТ

Конте го чека судбината на Раниери

„Скај Спортс" јавува дека во клубот од „Стемфорд Бриџ" размислуваат да го сменат менаџерот Антонио Конте.

објавено: 4 ноември 2017 - 13:00

Лошите игри и лошите резултати на шампионот, не се адути на Антонио Конте во уводниот дел од сезоната, како во Премиер лигата така и во Лигата на Шампионите.

А тоа само ја зголеми „разликата помеѓу размислувањата" на „двете страни" во Челзи...
Факт е дека италијанскиот стручњак е во лоши односи со управата на клубот, особено покачени по лошо одработениот летен преоден рок. Конте неколку пати ја критикуваше работата на менаџментот, особено „идејата" Немања Матиќ да биде продаден на еден од нивните најголеми ривали – Манчестер Јунајтед.

За неговата смена се говори доста во поdлeдно време. А се чини дека кулминација достигна после оние (0:3) против Рома во ЛШ.
Работата е дојдена дотаму што и газдата на Челзи, Роман Абрамович сериозно размислувал да му врачи отказ на Конте, пренесуваaт англискитемедиуми.
На тој начин, Конте би можел да ја доживее судбината на својот сонародник Клаудио Раниери, кој во 2015 година ја освои титулата со Лестер, а веќе во средина на наредната доби отказ.
Моментално, Челзи е на 4. позиција по десет одиграни кола во Премиер лигата, но со дури девет бода заостанување во однос на лидерот Манчестер Сити. Ви групата „Ц" од Лигата на Шампионите се втори по четири одиграни круга.

Најново во Меѓународен Фудбал