ЧЕЛЗИ Е ДАЛЕКУ ОД ВРВОТ, ТЕШКО ДАВА ГОЛОВИ...

КОНТЕ ЈА ГУБИ КОНТРОЛАТА: „Трилинг" напаѓачи се во неговите мисли...

Менаџерот на Челзи воопшто не е задоволен од игрите на Митчи Батшуаи, и сака експресно да најде замена за повредениот Алваро Мората.

објавено: 18 октомври 2017 - 18:10

Англискиот „Телеграф" пренесува, Антонио Конте итно сака да направи промена во напаѓачкиот состав на Челзи. И дека за тоа е подготвен да се откаже од услугите на Митчи Батшуаи, а на негово место да донесе играч кој би бил далеку поподуктивен од младито фудбалер, кој дефинитивно не го оправда тој статус на првотимец на „сините".

Конте веќе е во потера по решение за голгетерската криза, и слабите изданија на офанзивците, кои имаат своја рефлексија на резултатите.
Во овој момент актуелниот англиски првак е дури шестти, со девет бода заостанување во однос на лидерските тимови од Манчестер. Особено Сити кој има дадено дури 16. гола повеќе од екипата која ја предводи Конте и во оваа сезона.


Италијанецот не го сака Батшуаи, и се усмери кон нови кандидати кои ќе ги гледа до јануарскиот преоден рок. Ги има три...
Два од нив се и тоа како познати, третиот пак доста интересен во секој случај, иако доаѓа од белградска Црвена Звезда и се вика Ричмонд Боачи.
И дека за него „сините" биле подготвени да платат десет милиони фунти, без размислување.
Како и да е, претходно Конте ќе се обиде да го трансферира Џејми Варди од Лестер, или пак евентуално Кристијан Бентеке од Кристал Палас.
Два клуба на кои работите не им одат како што треба во овој прв дел од сезоната, исто како и Челзи...

 

Најново во Меѓународен Фудбал