ЛШ: ДЕРБИТО СЕ ИГРА НА „САНТЈАГО БЕРНАБЕУ“ ОД 21:00 ЧАСОТ

„Кралевите“ со Бејл, Иско и Бензема ја напаѓаат римската „волчица“! (ФОТО)

Дербито од првото коло в среда е на „Сантјаго Бернабеу" во рамките од групата Г (21:00 ч.) помеѓу екипите на Реал Мадрид и Рома.

објавено: 19 септември 2018 - 20:33

Мечот во Мадрид ќе го суди Холанѓанецот Бјорн Кујперс, а тренерите на двата тима Лопетеги и Ди Франческо одлучија со кои 11. фудбалери ќе настапат од првата минута.

Реал Мадрид: Навас, Карвахал, Варан, Рамос, Марсело, Кроос, Модриќ, Каземиро, Бејл, Иско, Бензема.

Рома: Олсен, Флоренци, Манолас, Фацио, Коларов, Н'Зонзи, Де Роси, Заниоло, Ундер, Џеко, Ел Шаарави.

Интересен е податокот што играч на Рома никогаш не играл во Серија А, а вечерва дебитира во ЛШ, а од претходно е повикан и во репрезентацијата на Италија, станува збор за младиот и талентиран фудбалер за врска Николо Заниоло (19).

 

Најново во Меѓународен Фудбал