ТОРИНО ГО ДОЧЕКАЛ КАКО ШТО САМО МОЖЕ ДА СЕ ПОСАКА

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО НЕ КРИЕ: Сонував за Јувентус, тука сите ми аплаудираа

Португалецот потврдува дека во редовите на „Старата дама" владее вистинска семејна атмосфера...

објавено: 12 август 2018 - 12:00

Најдобриот играч на светот ова лето стигна во Торино од мадридски Реал за сума од 105 милиони евра, и потпиша четиригодишен договор. А по краткиот одмор по Мундијалот, му се придружи на новиот клуб.

„Сјајно се чувствувам и драго ми е да ги видам сите овие луѓе околу тренинг центарот. И пред ова знаев дека Јуве е голем клуб, најголем во Италија, и еден од најголемите во светот. Кога бев дете, мечтаев еден ден да заиграм овде. Сега сум тука, и навистина сум среќан"- порача Роналдо за клупската телевизија на Јувентус.

Пред доаѓањето во Јувентус, Кристијано неколку пати играше против тој клуб. А посебно го издвојува четвртфиналето од Лигата на Шампионите минатата сезона кога во Торино постигна еден фантастичен гол со „ножички".

"Никогаш нема да го заборавам тоа. Постигнав гол против Јуве, а цел стадион ми аплаудирше за тоа. Неверојатно чувство кое никогаш порано го немав доживеано. Сега гледам дека тука владее една семејна атмосфера. Сите се многу љубезни и пријатни. Едвај чекам навивачите да ги направам среќни . Сакам да му помогнам на клубот да ги реализира своите цели".

После одличните партии во Англија и во Шпанија, сега ќе има прилика да се проба и во Серија А

„Ја познавам лигата. Гледав доста натпревари на ТВ. Верувам дека брзо ќе се прилагодам. Сакам да бидам во добра форма. Да му помогнам на тимот да освојува трофеи. Возбуден сум и со големо нетрпение очекувам сезоната да почне" – заклучува Роналдо.

А Серија А стартува на 18. август, кога јувентус гостува во Верона кај Кијево.

 

Најново во Меѓународен Фудбал