„СИНИТЕ" БЕЗ „ЕДИНИЦА" НА ПОДОЛГ ПЕРИОД

КУРТОА НЕ МИСЛИ НА ЧЕЛЗИ: Планот е враќање во Мадрид

Голманот на белгиската репрезентација покажал големо незадоволство со животот во Лондон, и најавил дека сака да се врати во Мадрид...

објавено: 29 декември 2017 - 08:00

Со секој поминат ден како играч на Челзи, се поголеми се најавите кои ги испраќа Тибо Куртоа и тоа во насока дека сака да си замине од Лондон.
Еден од најдобрите европски голмани, во неколку наврати признал дека не го поврзува скоро ништо со „сините" и дека сака да се врати во Мадрид.

Но не во редовите на Атлетико, туку да заигра во многу потрофејниот – секако, Реал Мадрид.
Како што пренесува „Ас", оваа своја намера Куртоа ја презентирал и пред некои од претставниците на „кралскиот клуб", па за очекување е дека работите ќе тргнат во таа насока.
Неговиот договор со англискиот првак истекнува за 18.месеци, па јасно е дека Челзи ќе биде без премногу шанси за да го задржи на подолг период.
А се чини дека на тоа е подготвен и Антонио Конте, кој веќе има нов план во кој влегуваат чуварите на мрежата на Атлетико, Јан Облак, и оној на Севиља – Серхио Рико.

Најново во Меѓународен Фудбал