Проблеми уште пред полетување

Летот на Борусија (Д) за Лондон презакажан поради банална причина

Младиот фудбалер на „милионерите“, Џејдон Санчо, се појавил на време на аеродромот, но си го заборавил пасошот.

објавено: 12 февруари 2019 - 16:30

Во пресрет на утрешниот прв осминафинален меч со Тотенхем во Лигата на шампионите, лидерот во германската Бундеслига се соочи со неочекуван проблем. Имено, летот на Борусија (Д) до Лондон бил пролонгиран за неколку часа од банална причина.

Младата ѕвезда на „милионерите“, Џејдон Санчо, се појавил на аеродромот навреме со групата фудбалери кои патуваат за Англија, но го заборавил пасошот во својот дом. Со оглед на тоа што на аеродромот не му било дозволено да се качи во авионот за Лондон, сите морале да останат на терминалот и да чекаат Санчо да се врати по пасошот за да може непречено чартерот на Борусија да полета за Лондон.

Со оглед на тоа што Санчо оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во составот на Фавре, нормална е одлуката за пролонгирање на летот, затоа што тимот без него утре нема да биде воопшто ист. 

Најново во Меѓународен Фудбал