Многу возбудувања.....

Лига на шампиони: Сите промени, голови и најинтересни моменти во живо (Видеа)

4. коло во елитната лига на УЕФА

објавено: 31 октомври 2017 - 21:19

* Рома поведе по само 37 секунди во дуелот против Челзи со голот на Ел Шарави.

Тука може да го погледнете голот од стадионот „Олимпико“ во Рим.

* Манчестер Јунајтед промаши пенал во дуелот против Бенфика, откако најмладиот голман во историјата на ЛШ, Свилар го одбрани ударот на Марсијал.

* Стефан Ристовски и Спортинг имаат предност од 1:0 во дуелот со италијанскиот првак Јувентус.

* Баерн и ПСЖ очекувано имаат предност во дуелите против Селтик, односно Андерлехт. 

* Рома продолжува со блескавата игра против Челзи и веќе води со 2:0 по 36 минути игра. Повторно Ел Шарави е стрелец за „римската волчица“.

* Атлетико Мадрид е шoкиран на свој терен откако Карабах со голот на Шпанецот Мичел неочекувано води со 1:0, откако по изведениот корнер, погоди со глава. 

* Манчестер Јунајтед конечно го скрши отпорот на Бенфика и со голот на Автоголот на гостинскиот голман Свилар, домаќините поведоа со 1:0. Погледнете каков малер е голманот на гостите. 

РЕЗУЛТАТИ НА ПОЛУВРЕМЕ: Рома - Челзи 2:0, Атлетико М. - Карабах 0:1, Базел - ЦСКА 1:0, Селтик - Баерн М. 0:1, Манчестер Ј. - Бенфика 1:0, Олимпијакос - Барселона 0:0, ПСЖ - Алдерлент 2:0, Спортинг - Јувентус 1:0

* ПСЖ ја полни мрежата на Андерлехт и води со 3:0, а Атлетико Мадрид израмни на свој терен против Карабах на 1:1. 

* Рома го понижува Челзи во Рим, а Селтик израмни против Баерн Минхен на 1:1, исто како и ЦСКА во дуелот со Базел, додека ПСЖ веќе води со 4:0 против Андерлехт. 

* Радоста на Селтик за израмнувањето против Баерн траеше само три минути, бидејќи гостите со голот на Мартинез во 77 минута, повторно стигна до предност, овојпат од 2:1.

* Играчите на Манчестер конечно го совладаа Свилар. Блинд погоди од пенал за 2:0. 

* Левиот бек на ПСЖ даде хет-трик против Андерлехт за водство на „светците“ од 5:0. ЦСКА направи пресврт против Базел и сега има предност од 2:0. 

* Кој друг ако не Гонзало Игуаин. Јувентус израмни на гости кај Спортинг на 1:1 во 79 минута. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал