ДЕНОВИТЕ НА КАРИУС НА „ЕНФИЛД" СЕ ИЗГЛЕДА ОДБРОЈАНИ

ЛИВЕРПУЛ БАРА НОВ „БРОЈ ЕДЕН": Алисон или Облак?

После ужасното издание на Лорис Кариус во финалето на Лигата на Шампионите против Реал Мадрид во Киев, изгледа дека повеќе нема место за германскиот голман на првата позиција во тимот за следната сезона...

објавено: 28 мај 2018 - 19:00

Финалето на Лигата на шампионите и дефинитивно покажа дека Ливерпул не е добро „покриен" на првата позиција во тимот, онаа голманската. И пред дуелот во Киев, менаџерот на "црвените" Јирген Клоп сакаше да најде нова „единица". А тешката ноќ во главниот град на Украина, го увери Германецот дека неговиот сонародник Лорис Кариус не е идеалното решение, далеку од тоа. И дека треба да се продолжи со обидите во Ливерпул да пристигне Алисон Бекер, кој во изминатиот период прави чуда на голот на Рома.

И Клоп се сложува со идејата дека 60.милиони фунти ќе ги натераат римјаните да го ослободат Бразилецот.
Но шпанските медиуми имаат своја верзија, во која пак како трансферна цел на финалистот од ЛШ е Јан Облак, голманот на Атлетико од Мадрид.

И шпекулираат дека ако не дојдат до Алисон, „Редси" се подготвени да дадат и сто милиони евра за словенечкиот чувар на мрежата. Толку изнесува откупната клаузула во договорот на Облак, а која наводно Ливерпул може да ја плати.
Од друга страна можно е Клоп да му даде уште една шанса на Кариус, со оглед на тоа дека тој и не е единствениот виновник што Ливерпул примаше доста голови, но не се откажа од Ловрен и Морено, кои играат се подобро и подобро пред крајот на сезоната.
И дека многу веројатно е дека Кариус сеуште ги ужива симпатиите на Клоп кој пред две години го донесе во Англија директно од Мајнц.

Најново во Меѓународен Фудбал