Клоп не може глава да крене од проблеми

Ливерпул ќе остане со само еден централен бек за мечот со Баерн (М)

Хрватскиот репрезентативец не патуваше со остатокот од тимот во Марбеља, бидејќи се уште е повреден и не може да тренира.

објавено: 12 февруари 2019 - 21:00

Последните информации од екипата на Ливерпул велат дека Дејан Ловрен нема да се опорави навреме за да биде стартер на првиот меч од осминафиналето против екипата на Баерн (М). Хрватскиот репрезентативец не патуваше со остатокот од тимот во Марбеља, каде ќе се подготвуваат се до дуелот со Германците следната недела, со оглед на тоа што Ливерпул викендов нема обврски во ФА Купот.

Ловрен се уште се бори со повредата, а Клоп изјави дека „ќе направат се Дејан да биде подготвен за реваншот во Минхен“.

Најново во Меѓународен Фудбал