Ефикасно е и во вториот ден од ЛШ

Ливерпул на пат кон четвртфиналето, ПСЖ храбар на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, односно Ливерпул против Порто ја продолжија ефикасната серија, со голови во Лигата на шампионите, што вчера во премиерата од нокаут фазата ја започнаа Јувентус и Тотенхем, односно Манчестер сити со Базел

објавено: 14 февруари 2018 - 21:34

Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, односно Ливерпул против Порто ја продолжија ефикасната серија, со голови во Лигата на шампионите, што вчера во премиерата од нокаут фазата ја започнаа Јувентус и Тотенхем, односно Манчестер сити со Базел.

Големото дерби е во Мадрид, каде ПСЖ имаше позитива по голот на Адриен Рабио во 33. минута, но европскиот првак Реал Мадрид израмни преку Кристијано Роналдо. Порѕугалецот погоди од пенал во самиот финиш од првиот дел, откако беше соборен Тони Крос.

Ливерпул игра како по ноти во Португалија и со головите на Садио Мане и Мо Салах има предност од 2:0 по 45 минути игра.

Најново во Меѓународен Фудбал