Набрзина ги разрешија сите дилеми

Ливерпул за 15 минути го декласира Спартак

Ливерпул во кус рок ги разреши сите дилеми околу победникот во Е групата во Лигата на шампионите, а за 15 минути декласиран е рускиот првак Спартак

објавено: 6 декември 2017 - 21:35

Ливерпул во кус рок ги разреши сите дилеми околу победникот во Е групата во Лигата на шампионите, а за 15 минути декласиран е рускиот првак Спартак.

Со головите на Кутињо во четвртата и во 15. минута и на Фирмино во 19. минута „црвените“ направија недостижна предност, иако има да се игра уште 45. минути во послендите мечеви во фазата по групи.

Блиску до пласман понатаму се Шахтар, кој има предност од 2:0 против Манчестер сити и Порто, екипа што по 45 минути го нокаутира Монако со 3:0.

Уште 45 минути надеж да се случи чудо имаат Наполи на гостувањето кај Феенорд и Лајпциг на дуелот со Бешикташ.

Најново во Меѓународен Фудбал