БАРСА МУ ДАДЕ НОВ ДОГОВОР НА ВЕТЕРАНОТ

ЉУБОВ КОЈА НЕ ЗГАСНА: Иниеста доживотно во Каталонија

И некои добри работи се случија деновиве на „Ноу камп", како на пример, продолжувањето на соработката со еден од најтрофејните и најдолговечните играчи – Андрес Иниеста...

објавено: 6 октомври 2017 - 14:22

Дојде крајот на приказните околу тоа дали Андрес Иниеста ќе остане или ќе си замине од Барселона..

И се чини дека раководниот тим на каталонскиот гигант на крајот извлече и нешто добро од минатонеделниот референдум кој требаше да каже дали Каталонија треба да биде независна држава.

„Срцето и душата" на Барселона, Андрес Иниеста, одлучи да го продолжи договорот со Барселона до „крајот на кариерата".
И со тоа застанаа сите шпекулации за неговата иднина во едне од најдобрите клубови на светот. Па и онаа дека Иниеста ќе оди на Блискиот исток, или пак евентуално преку „слободен трансфер" да продолжи да игра во најдобриот италијански клуб – Јувентус.

Најново во Меѓународен Фудбал