ИТАЛИЈАНСКА ИНВАЗИЈА НА ОСТРОВОТ

ЛОНДОН ПОВИКУВА: Доаѓаат Анчелоти и Алегри

Досега во мода беа играчите, а се чини дека ова лето во таа улога ќе се најдат двајца тренери, и тоа како добро познати и пред се трофејни.

објавено: 11 јануари 2018 - 15:30

Доаѓаат од Италија, едниот има работни обврски во овој момент, другиот е на подолг „годишен одмор".

А „Кориере дело спорт" на својата насловна страна вели дека „Лондон повикува", а како илустрација на повикот е поставена заедничка фотографија на Карло Анчелоти и Масимилијано Алегри.

Римскиот спортски весник истакнува дека екс-тренерот на Јувентус, на Милан, Челзи, ПСЖ и на Реал Мадрид, до скоро и на Баерн, ги договорил сите детали за трансфер во Арсенал. И дека се е подготвено за потпис на четиригодишен договор според кој „Дон Карло" ќе смета на 40.милиони евра.
Вториот итало-тренерски великан исто така се подготвува на пат за Лондон. Макс Алегри треба да биде наследникот на Антонио Конте во екипата на Челзи.
Исто како што беше пред четири години кога тоа се случи во Јувентус.
Конте сигурно си заминува на крајот на оваа сезона. Челзи не може да ја одбрани титулата, има 16 бодови помалку во однос на лидерот Манчестер Сити, а италијанскиот стручњак уште „офка" дека клубот не му донесе адекватни засилувања за одбрана на тронот.
Но ниту Конте нема да остане без работа, затоа што италијанските медиуми веќе „го споија" со клупата на ПСЖ.
Доволно за најава на едно бурно трансфер лето во кое во преден план ќе бидат – тренерите!

Најново во Меѓународен Фудбал