ВЕЧЕРВА НОВА ДОЗА НАТПРЕВАРИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

ЛШ: Европскиот првак отвoра против Рома

Прв меч за тренерот на Реал Мадрид Јулен Лопетеги во ЛШ. Два пати Рома победила на „Бернабе" во пет натпревари

објавено: 19 септември 2018 - 15:00

Откако ја освои третата едноподруго европска титула Реал Мадрид тргнува да направи уште еден подвиг, да стане недопирлив - по четврти пат да го крене ушестиот пехар наметет за победникот во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб" остана без Зинедин Зидан но и без првата ѕвезда и најдобриот стрелец во ЛШ, Кристијано Роналдо, но тоа не значи дека ослабен влегува во новата сезона на ЛШ.

Јулен Лопетеги седна на кормилото, а тимот направи еден вид на подмладување со тоа што беа ангажирани неколку млади фудбалери (Одриозола, Себаљос, Маријано Диаз, Винисиус, Хесус Ваљехо...), а најстариот беше голманот Тибо Куртоа (26) кој дојде од Челси. Заминувањето на Роналдо отвори можност на другите фудбалери да го искажат својот потенцијал, како и да добијат слобода во играта. Тоа пред се се однесува на Бензема, Бејл и на Марко Асенсио кои делуваат одлично на стартот на сезоната.

Маријано Дијаз беше вратен од Лион, откако во францускиот клуб две сезони беше најдобар стрелец што само потврди дека Реал погреши што претходно го пушти. Сега ќе видиме дали навистина е така.
И Рома направи интервенција во екипата, место Алисон на голот е Робин Олсен, место Стротман тука е Н'Зонзи. Клајверт, Чориќ, Пасторе, Карсдорп... се дел од новите имиња во тимот. „Волчицата" не делува убедливо на почетокот на Серија А, а ремито со Киево викендов е само потврда дека работите не одат како подмачкано. Но мечевите во ЛШ се нешто друго, а тука често не игра улога формата од домашниот шампионат. Тренерот Ди Франческо изјави дека сегашниот Реал е многу подобар од претходните сезони.
„Реал е многу поквалитетен без Роналдо. Претходно знаевме, работите се вртеа околу него. Под водство на Лопетеги, тимот е поорганизиран, многу фудбалери излегоа од сенката на Португалецот и се желни за докажување. Имаат многу лидери на теренот... Во Марко Асенсио гледам иден освојувач на „Златната топка" на ФИФА", изјави Ди Франческо.

ТОТИ: СЕКОГАШ СМЕ ИМ ПРАВЕЛЕ ПРОБЛЕМИ, А МОЖЕМЕ И СЕГА
Во десет меѓусебни дуели меѓу Реал и Рома, „кралевите" забележале шест победи, еден меч завршил со нерешен резултат, а три дуели добила Рома. Интересно, два од тие три триумфа „волчицата" ги забележала на „Бернабеу". Еднаш во март 2008 година го победи Реал со 2:1 во Мадрид и го елиминира во осминафиналето на ЛШ, а претходно во октомври 2002 се радуваше на триумф од 1:0 во групната фаза на ЛШ.
„Стадионот во Мадрид е многу поразличен од сите други. Можеме да одиграме квалитетно и сигурен сум во тоа бидејќи имаме одлична екипа. Треба да бидеме спокојни и да одбереме правилна тактика. Историски гледано, кога играме против Реал, секогаш им правиме проблеми", изјави легендата на Рома Франческо Тоти, сега директор на клубот.
Тоти реализираше три гола против Реал Мадрид во играчката кариера.

 

Шахтјор е претплатен за „икс" со германски опоненти

Шахтјор вечерва е домаќин на дебитантот Хофенхајм и е фаворит пред се поради искуството во елитното натпреварување, но традицијата повикува на претпазливост. Во петте претходни дуели против германски екипи на домашен терен Шахтјор секогаш одиграл реми. Во 2016 со Шалке 0:0, во 2015 против Баерн Минхен исто така 0:0, во 2013 против Баер Леверкузен 0:0, истата година со Борусија Дортмунд 2:2, во 2005 со Шалке 1:1.
Вкупно гледано во осум дуели на домашен терен забележал само две победи, а еднаш изгубил. Триумфите му се одамна, во 1980 над Ајнтрахт и 1976 над Динамо Берлин.

 

АЕК нема триумф во Холандија

Грчкиот шампион АЕК Атина се враќа во Лигата на шампионите по 12 години и сака да остави добар впечаток. Тие се во групата Г заедно со Ајакс, Баерн Минхен и Бенфика. „Жолто-црните" својата одисеја ја започнуваат на „Амстердам арената" против Ајакс, славниот холандски клуб и поранешен европски првак кој се враќа во ЛШ по сезоната 2014/15.


Овие два клуба одиграа два меча во групната фаза на ЛШ во 1994 година. Тогаш Ајакс два пати го победи грчкиот тим (2:0 и 2:1). Всушност АЕК секогаш лошо поминувал на гостувањата во Холандија. Четири пати играле таму и четири пати се враќале со порази и притоа не постигнале ниту гол!
Освен од Ајакс (2:0), губеа од ПСВ во 2003 година со 2:0, од Витесе во 1998 со 3:0 и од ПСВ во 1992 со 3:0. Ќе видиме како ќе помине вечерва. 

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА
ГРУПА Е
АЈАКС - АЕК 18:55 ч. (обложи се во Mozzart на овој меч)
БЕНФИКА - БАЕРН 21:00 ч. (обложи се во Mozzart на овој меч)
ГРУПА Ф
ШАХТЈОР - ХОФЕНХАЈМ 18:55 ч. (обложи се во Mozzart на овој меч)
МАН.СИТИ - ЛИОН 21:00 ч. (обложи се во Mozzart на овој меч)
ГРУПА Г
ПЛЗЕН - ЦСКА МОСКВА 21:00 ч. (обложи се во Mozzart на овој меч)
РЕАЛ МАДРИД - РОМА 21:00 ч. (обложи се во Mozzart на овој меч)
ГРУПА Х 
ВАЛЕНСИЈА - ЈУВЕНТУС 21:00 ч. (обложи се во Mozzart на овој меч)
ЈАНГ БОЈС - МАН.ЈУНАЈТЕД 21:00 ч. (обложи се во Mozzart на овој меч)

Најново во Меѓународен Фудбал