„НЕРО-АЅУРИТЕ“ МОРААТ РАДИКАЛНО ДА МЕНУВААТ ПРЕД ТОТЕНХЕМ

ЛШ: Спалети во големи проблеми, Интер има само еден бек!

Поразот од Парма не беше доволно болен сам по себе, па Интер се најде во големи дефанзивни проблеми. Во вторник го очекува отворањето во Лигата на шампионите против Тотенхем, но Лучано Спалети скоро немаа опции во делот на одбраната.

објавено: 17 септември 2018 - 13:35

Иако италијанските медиуми пред саботниот дуел објавија дека и Шиме Врсаљко е помеѓу играчите кои се повикани за средбата со Парма, кога беа објавени официјалните записници, Хрватот сепак не беше таму. Спалети после мечот потврди дека Врсаљко и понатаму има проблеми и дека сигурно нема да игра против Тотенхем.

Меѓутоа, против Парма се повреди и фудбалерот кој играше наместо Врсаљко, Д'Амброзио, а бидејќи Далберт не е пријавен за Лигата на шампионите, стратегот остана само на еден бек - Асамоа.

Врсаљко има проблеми со левото колено, а повредата ја влече уште од Светското првенство. Клубот објави дека постепено се следи неговата ситуација, поради ова Спалети е принуден да ја менува формацијата на играта и заигра можеби со тројца во дефанзивниот дел, иако постои можност Шкриниар да биде на позицијата десен бек.

Интер во вторник со почеток од 18:55 часот ќе го пречека Тотенхем на „Џузепе Меаца" во првиот натпревар од групата Б.

Најново во Меѓународен Фудбал