ЈУНАЈТЕД СЕКОГАШ ИМА(Л) ДОБРИ ГОЛМАНИ

ЛУДИ ОДБРАНИ ВО СЕВИЉА: Де Хеа го повтори подвигот на Ван Дер Сар

На дуелот во Севиља, шпанскиот чувар на мрежата на „црвените ѓаволи" беше најзаслужниот што остана (0:0) по деведесет минути игра...

објавено: 22 февруари 2018 - 15:30

Сјајниот шпански голман, според многумина е најдобриот играч на Манчестер Јунајтед во оваа сезона. И повторно, со своите одбрани ги залуде своите противници.

Против Севиља успеа да „симне" дури осум удари во рамките на неговиот гол, и тоа за прв пат се случи кога најтрофејниот англиски клуб во 2011 година на тоа место го имаше исто така сјајниот Холанѓанец, Едвин Ван Дер Сар.
Некогашниот голман на Ајакс и на Јувентус пред седум години беше на сериозен испит на дуелот на Вембли кога „црвените ѓаволи" играа против Барселона во финалето на Лигата на Шампионите. И тогаш „летечкиот Холанѓанец" запиша осум интервенции. А единствената разлика е што и покрај тоа, Јунајтед прими три гола, а сега ниту еден.
Де Хеа успеа по 23.пат да ја сочува мрежата на премиерлигашот во сите натпреварувања во оваа сезона, од тоа по деветти пат на последните 11. средби.

 

Најново во Меѓународен Фудбал