Играат одлично под негова команда

Маестро Јуп Хејнкес има само еден пораз во 24 меча: Уживавме во второто полувреме

Јуп Хејнкес маестрално го води Баерн од клупата, а Баварците го декласираа Бешикташ со 5:0 и ја забележаа 23. победа во 24. меч, откако 72-годишниот стратег повторно е кормилар на тимот

 

објавено: 21 февруари 2018 - 08:30

Јуп Хејнкес маестрално го води Баерн од клупата, а Баварците го декласираа Бешикташ со 5:0 и ја забележаа 23. победа во 24. меч, откако 72-годишниот стратег повторно е кормилар на тимот.

„Игравме млитаво во првото полувреме. По паузата гледавме еден поинаков Баерн. Фудбалерите уживаат во играта, а резултатот кажува се. СЕкако дека сме задоволни. Не е мала работа да победиш во осминафинале во Лигата на шампионите со 5:0“, рече Хејнкес.

Со него на клупата Баварците одиграа 24 меча, а имаат 23 победи и само еден пораз. На 11 од нив тимот не прими гол, а вчера ја забележаа највисоката победа во ЛШ, кога биле домаќини на прв меч во нокаут фаза. Баерн е во серија од 14 победи во сите натпреварувања, а уште неколку рекорди беа урнати во прекрасната вечер за Баварците во Минхен, против Бешикташ.

Најново во Меѓународен Фудбал