Реми во Андалузија, Украинците направија пресврт

Манчестер јунајтед го преживеа пеколот во Андалузија, Шахтар ја урна Рома

Севилја и Манчестер јунајтед одиграа без голови во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, а Шахтар ќе патува за Рим со предност од 2:1 против Рома

објавено: 21 февруари 2018 - 22:43

Севилја и Манчестер јунајтед одиграа без голови во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, а Шахтар ќе патува за Рим со предност од 2:1 против Рома.

Во Андалузија навивачите на Севилја приредија спектакуларна атмосфера, што им помагаше на играчите да одиграат добро против фавортизираниот Манчестер јунајтед, но и покрај инцијативата, избраниците на Монтела не успеаја да ја затресат мрежата на одличниот Де Хеа.

Шахтар во режија на дуото Ф&Ф, Фереира и Фред направи пресврт во второто полувреме и ја победи Рома со 2:1. Гостите поведоа со голот на Ундер во финишот на првиот дел и имаат добар резултат за реваншот.

Најново во Меѓународен Фудбал