И УЕФА РЕАГИРАЛА ЗА МОЖНИ НЕЧЕСНИ ИГРИ

Мечот ПСЖ - Црвена Звезда под истрага!

Француски “Л’Екип“ открива дека УЕФА реагирала до Франција за можна „местенка“ на мечот од 2 коло во ЛШ во Париз

објавено: 12 октомври 2018 - 17:14

Пари Сен Жермен во второто коло на Лигата на шампионите ја победи Црвена Звезда со 6:1, но покрај болниот пораз, српскиот шампион се најде на удар на француската јавност. Наводно постојат информации дека мечот можеби бил наместен!?

Неколку денови пред натпреварот на 3 октомври, УЕФА добила информација дека еден од челниците на српскиот шампион пробал да уплати неколку милиони евра (поточно 5.000.000) дека Црвена Звезда ќе изгуби со пет голови разлика, пренесува „Л’Екип“.

Откако тоа се случи, веднаш се појавија сомнежи дека тука нешто „смрди“, па поради тоа УЕФА ги известила француските органи кои се занимаваат со илегално обложување да го истражат овој случај и да  проверат за поврзаност и со други слични други уплати на овој меч.

Најново во Меѓународен Фудбал