Конечно го совлада и легендарниот голман

Меси двапати го замрзна Буфон, Џиџи вели: Нема подобар од Лео

Лионел Меси конечно по долг пост го совлада легендарниот Џиџи Буфон и тоа двапати, а голманот на Јувентус вели дека нема подобар фудбалер од асот на Барселона

објавено: 13 септември 2017 - 08:00

Лионел Меси конечно по долг пост го совлада легендарниот Џиџи Буфон и тоа двапати, а голманот на Јувентус вели дека нема подобар фудбалер од асот на Барселона.

Двајцата повторно беа еден против друг, а конечно Аргентинецот успеа да ја протне топката зад грбот на Буфон и тоа двапати. И на шега дури и да го замрзне, бидејќи голманот и не мрдна од место при прецизните удари на Меси. И не се налути туку напротив имаше само комплименти за Аргентинецот.

„И Роналдо ми даде два гола во финалето во Лигата на шампионите, но за мене Меси е многу подобар фудбалер. Се надевам дека ќе ја освои Златната топка“, изјави Буфон по поразот на Јувентус со 0:3 на „Камп Ноу“

Најново во Меѓународен Фудбал