СУДИЈАТА КОЈ СПОРЕД МНОГУМИНА ГО „ИСПРАТИ" РЕАЛ ВО ФИНАЛЕТО

Милионите од Кина го мамат Чакир

Турскиот фудбалски судија Чинејт Чакир, со статус на еден од елитните на УЕФА, секако дека важи за еден од најдобрите.

објавено: 4 мај 2018 - 15:00

Но изминатите денови дојде во центарот на вниманието, пред се поради дискутабилните одлуки за време на вториот меч од полуфиналето од Лигата на Шампионите, помеѓу Реал Мадрид и Баерн (2:2), а на штета на германскиот првак.

Германските, но и светските медиуми му замераат на Чакир дека пропуштил да досуди два чисти пенали во корист на Баерн, и дека благодарение на тоа Реал поминал во финалето, затоа што претходно го доби првиот меч со резултат (2:1).
Сепак, и покрај тоа, судиските квалитети на Чакир се неспорни. А според пишувањето на шпанската „Марка", кинеската фудбалска федерација ќе му понуди на турскиот арбитар значителна финасиска (милионска) понуда со цел да биде еден од судиите во нивната Прва лига. И дека во случај да ја прифати, бо можел да се пресели на азискиот континент веднаш по завршувањето на Мундијалот во Русија на кој ќе биде еден од главните делители на правдата.
Евентуалниот трансфер на Чакир во Кина, не би бил никаков преседан, ако се знае дека уште во текот на минатата година, Марк Клатенбург, еден од најдобрите судии во Премиер лигата, во овој момент е шеф на судиската организација во Саудиска Арабија.

Најново во Меѓународен Фудбал