И ТОА ГО ИМА КАЈ НЕГО, НЕМА(Л) ДОВОЛНО СРЕДСТВА...

МИНО КАЖУВА ФИНО: Доста јас работев за Ибра, сега тој малку да работи за мене

„Верувам дека има уште пет-шест години врвен фудбал во себе. Нема да му дадам да застане и да замине во пензија. Сега мора да работи за мене затоа што јас со години работев за него. Сега дојде редот на мене. Децата ми пораснаа и ми требаат пари" – изненади уште еднаш Мино Рајола.

објавено: 23 октомври 2017 - 20:30

Кога и да се појави во јавноста, Мино Рајола ќе каже нешто што никого во околината нема да го остави рамнодушен

Веројатно еден од најдобрите фудбалски менаџери во светот во овој момент барем, зборуваше за својот најдобар клиент – Златан Ибрахимовиќ, и тоа пред медиумите во неговата родна Шведска.
Рајола кој се грижи за кариерата на Ибра уште од времето кога играше за Ајакс, вели дека нема намера да се откаже така лесно од својот златен клиент. Односно дека нема да му дозволи да го напушти фудбалот, барем не уште некое време.


„Ибра има уште толку многу да покаже... Верувам дека има уште пет-шест години врвен фудбал во себе. Нема да му дадам да застане и да замине во пензија. Сега мора да работи за мене затоа што јас со години работев за него. Сега дојде редот на мене. Децата ми пораснаа и ми требаат пари" – изјави Рајола.


И тука не застана...

„Разговаравме и се договоривме дека во наредните пет години ќе работи само за мене. Сега паричката се врти на моја страна. Кај мене оди платата, а нему провизијата"- вели човекот кој „со себе ги носи" и Пол Погба, Марио Балотели, Ромелу Лукаку, Хенрик Мхтаријан, Марко Верати, Блез Матуиди, Џанлуиџи Донарума...

Минo објасни фино дека најтешко за Ибрахимовиќ било додека работел под „команда" на Пеп Гвардиола односно во Барселона.

„Глупаво се однесуваше спрема Златан во Барселона. Знаев и порано што тој треба да направи. После играњето во Барселона знаев дека му е најдобро да оди во Милан, а не во Интер. Исто како што знаев дека треба да го напушти Милано и да оди во ПСЖ.
Навистина, на почетокот не ми седопаѓаше идејата да оди во Париз. Не сакав и туку-така да си оди од Милан, како што не сакав ниту да си замине прво од Интер. Но на крајот, тој е свој човек, знае што е најдобро за него".

 

Најново во Меѓународен Фудбал