ХРВАТОТ НЕ ГО КРИЕ РАЗОЧАРУВАЊЕТО

МОДРИЌ ТАГУВА: Жал ми е поради Роналдо, сакав да остане...

Еден од најдобрите играчи на Мундијалот во Русија, му посака се најдобро на Португалецот во новата играчка средина...

објавено: 12 јули 2018 - 13:30

После девет години, Кристијано Роналдо го напушти Реал Мадрид и за трансфер вреден 105 милиони евра премина во Јувентус.

Интересно, само еден ден пред потврда на договореното, Лука Модриќ изјави дека е сигурен оти Роналдо ќе остане во Мадрид.

„Го реков тоа затоа што тоа беше мојата желба. Сакав Роналдо да остане со нас. Тој е единствен, навистина ми е жал што си замина. Му посакувам се најдобро во Јувентус, секако освен оние натпревари кои ќе ги игра против нас" - порача Модриќ по прославата на пласманот во финалето на СП со селекцијата на Хрватска.

Модриќ и Роналдо играа заедно во Реал од 2012 година. И освоија четири титули во Лигата на Шампионите, но и сите други трофеи во Шпанија, како и три светски клупски првенства.

Најново во Меѓународен Фудбал