НЕВОЗМОЖНО Е ТАКВО СЦЕНАРИО НА „БЕРНАБЕУ"

МУРИЊО ЗНАЕ КОЈ Е КОЈ ВО МАДРИД: Продажба на Роналдо е забранет збор во Реал!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед знае дека такви работи, како на пример трансфер на Кристијано Роналдо во некој друг клуб, во овој момент се едноставно се неизводливи...

објавено: 17 мај 2018 - 22:40

Кристијано Роналдо има договор со Реал Мадрид се до 2021 година, па според истиот, би можел да остане во „кралскито клуб" се до двојата 36.година од животот.

А Жозе Мурињо, кој пред три години беше прв тренер на Реал, уверен е дека неговиот сонародник ќе остане на „Бернабеу" се до крајот на договорот.

„Реал не може да го продаде, тоа е забрането. Ќе остане се до моментот кога нема да го пуштат, а потоа ќе замине на една година во Америка или на некое друго место каде ќе може да ужива"- смета харизматичниот Португалец.

И самиот открива дека бил многу блиску да го превземе кормилото на „морепловците", и тоа во времето додека го водеше Реал Мадрид.

"Скоро и си заминав, но Флорентино Перезе не сакаше да ме пушти затоа што мислеше дека позицијата на тренер на Реал Мадрид не е компатабилна со селекторската работа. Се додека не ми здодее секојдневната работа, три мечеви неделно, седум тренинг сесии во текот на неделата, ќе можам да бидам селектор"- јасен е како скори и секогаш Португалецот.

 

Најново во Меѓународен Фудбал