ФЛОРЕНТИНО ПЕРЕЗ СО ПРИЗНАНИЕ

Најтешкиот трансфер во кариерата, оној на Луис Фиго!

Во пресрет на шпанскиот Суперкуп, претседателот на Реал Мадрид говори за тоа како била формирана генерацијата „Галактикос"...

објавено: 10 август 2017 - 18:50

 Флорентино Перез има со што да се фали во фудбалскиот свет. Особено во последно време, затоа што „кралскиот клуб" освои скоро се што може да се освои и во шпански, и во европски, па и во светски рамки.

Но првиот човек на Реал Мадрид, уште еднаш се наврати на едни стари, добри времиња, кога во Мадрид функционираа „галактикосите".
И во исто време да признае дека најтешко мубило да дојде до потписот на Луис Фиго.


„Му рековме дека сакаме да го градиме тимот околу него. Беше навистина тешко да го убедиме. Сепак, тој беше капитен на Барселона, а притоа во 2000 година не беше нормално да се потрошат 60.милиони евра за еден фудбалер. После Фиго лесно се договоривме со Зидан, Роналдо, Бекам... така го формиравме феноменот 'Галактикоси"- изјави Перез за шпанската „Марка".

По формирањето на врвниот тим, која сепак не ги задоволи барањата на „Лос Бланкос", подоцна се донесени играчи како Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Карим Бензема, со кои сета таа идеја е практично само добро надградена.

„Благодарение на сите тие трансфери ја заземавме позицијата на која се наоѓаме денеска, и која во целост ни припаѓа. Доведувањето на врвни фудбалери покрај значењето во таа резултатска смисла, можеби е поважна во онаа економската" - појаснува Перез пред првиот меч од шпанскиот Суперкуп во кој како шампиони ја дочекуваат Барселона, како победник во Купот на Шпанија за ланската сезона.

 

Најново во Меѓународен Фудбал