ЗВЕЗДИТЕ ИМААТ ЗАШТИТА ВО ШПАНИЈА

Наместо „затвор", Меси си го плати „долгот"со пари

Минатата година поради затајување на данок во Шпанија, првата звезда на Барселона беше осуден на услвна затворска каза од 21 месец. Но по најновиот предлог на тужителот, истата е „претворена" во парична.

објавено: 23 јуни 2017 - 17:45

Лионел Меси може да здивне. Она што требаше да биде драматично за него и неговиот татко, полека се претвора во нешто многу „помирно".

Или поточно кажано, наместо затворска казна, ќе мора да издвои една мала количина на пари за да го „компензира" тоа.
Претходно, Меси, заедно со својто татко Хорхе беше осуден за затајување на данок во врска со авторските права на неговиот лик, а казната му беше потврдена пред крајот на мај.


Тогаш Аргентинецот беше осуден на 21. месец затвор, но таквата казна во Шпанија, под две години, не е доволна за да се оди „на робија", Освен тоа и неговиот и паричникот на неговиот татко беа „потенки" за 3.7 милиони евра, но сега Меси ќе мора да плати уште нешто.
Како одлучи шпанскиот тужител, наместо затвор, Меси ќе треба да плати 255.000 евра.
Моментално во Шпанија се води голема акција од страна на тужителството во која за затајување на данок се обвинети неколку врвни фудбалери. Меѓу нив се наоѓаат и Кристијано Роналдо, Фалкао, Ди Mарија, како и менаџерот Жозе Мурињо.

 

Најново во Меѓународен Фудбал