СЛИКОВИТ ОДГОВОР НА КОСТАРИКАНЕЦОТ

НАВАС ИМА ПОСЕБНА НАМЕРА: „Желбата да си заминам од Реал е еднаква на онаа да умрам"!

Голманот на Реал Мадрид Кејлор Навас не ни помислува да го напушти „кралскиот клуб"

објавено: 10 август 2018 - 09:00

Навас кој му помогна на Реал да освои три шампионски титули во ЛШ, по доаѓањето на Тибо Куртоа, доби сериозна конкуренција, па неговата прва позиција во тимот е ставена под знак на прашалник.
Поточно, шпанските медиуми шпекулираат дека репрезентативецот на Костарика би можел да го напушти „Сантјаго Бернабеу".

„Секако дека ќе останам. Имам иста желба, да заминам, како и да умрам"- сликовито објасни Навас.
Овој 31.годишен фудбалер дојде во Реал во 2014 година, и тоа како играч на Леванте.

 

Најново во Меѓународен Фудбал