Се организира познатиот навивачки коп

Навивачите на Ливерпул се острат за островската битка: Подгответе факели и пиво да ги уплашиме богаташите (Фото)

Навивачите на Ливерпул се подготвуваат за островската битка со Манчестер сити во двомечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а прогласот на Твитер ги уплаши ривалите, кои бараат засилени мерки на бебзедност од полицијата

објавено: 20 март 2018 - 22:46

Навивачите на Ливерпул се подготвуваат за островската битка со Манчестер сити во двомечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а прогласот на Твитер ги уплаши ривалите, кои бараат засилени мерки на бебзедност од полицијата.

„Излезете сите на улица и понесете пиротехника, пиво и знамиња. Да ги уплашиме богаташите на Сити“, пишува на таканаречениот проглас на дел од симаптизерите на Ливерпул.

Од Манчестер сити веднаш реагираа на заканите и побараа посебни мерки на заштита. Симпатизерите на Ливерпул по ерата на строгите мерки во англискиот фудбал се едни од најверните и најмирните навивачи на Островот. Нивниот коп е познат во светски рамки, а веќе легендарни се сцените на „Енрфилд“ кога ја пеат навиовачката химна „You'll Never Walk Alone“.

Првиот меч се игра во Ливерпул на 4. април, а реваншот е закажан за 10. април.

Најново во Меѓународен Фудбал