Неубави сцени доаѓаат од Франција

Навивачите на ПСЖ ги вреѓаа фудбалерите, Мота испрати еден во болница (ВИДЕО)


Рано утринава во главниот град на Франција, фудбалерите на ПСЖ се вратија по елиминацијата од ЛШ. Наместо со прослава која се подготвуваше неколку денови, тие беа испранеи со пцовки, а еден фан заврши во болница откако беше удрен

објавено: 9 март 2017 - 14:20

Барселона синоќа ја направи една од најголемите сензации во модерниот спорт и како прв тим во историјата од Лигата на шампионите успеа да надокнади негатива од четири голови.

По бледата претстава на „Камп Нои", фудбалерите на ПСЖ утринава се вратија во Париз каде што беа непријателски пречекани од своите фанови. Тие во пет наутро ги дочекаа, ги опколија и ги вреѓаа. „Засрамете се" се пееше во близина на парискиот аеродром а преплашените играчи посакаа веднаш да заминат во своите куќи.

Најлошо помина еден навивач, кој мораше да замине во болница откако Тијаго Мота го удри со автомобил и поради тоа мораше да замине во болница.

 


Barça-PSG: des supporters parisiens expriment... by BFMTV

Најново во Меѓународен Фудбал