ПОРТУГАЛЕЦОТ НАВИСТИНА Е ФЕНОМЕН

Не е еден, не се два, ТРИ рекорди постигна Роналдо

Синоќа, на мечот против Апоел, Кристијано уште еднаш ја покажа светската класа

објавено: 22 ноември 2017 - 08:53

Со два гола и една асистенција на дуелот против Апоел, Кристијано Роналдо покажа дека воопшто не е во играчка криза. Реал Мадрид стигна до убедлива победа од 6:0, а Роналдо испиша нова страница во историјата на Лигата на шампионите.

Најпрво со асистенцијата за голот на Карим Бензема. стигна до 27 додавања за погодок, што е најдобар биланс во последните 10 години во елитната лига на УЕФА. Потоа, Португалецот даде два гола и стигна до бројката од осум погодоци во петте средби сезонава.

Ако се гледа само календарската 2017 година, најдобриот играч на Реал Мадрид сега има 18 голови во ЛШ и тоа е најдобро постигнување во историјата. Со овие два гола, Роналдо стигна до бројката од 98 гола за Реал во ЛШ и го надминар Лионел Меси кој има 97 погодоци за еден клуб во елитната европска лига.

Реал и покрај убедливата победа над Апоел, остана втор во групата, зад Тотенхем и во нокаут фазата ќе очекува потежок противник. 

Најново во Меѓународен Фудбал