Знаете ли кој има најскап тим во Европа?

Не е ни ПСЖ, ниту Барселона, туку...

Вистинско изненадување е дека на самиот врв, односно на позицијата еден, не е екипата на ПСЖ. Ниту 222. милиони вредниот трансфер на Нејмар, ниту оние 160 милиони кои ги дадоа за Килијан Мбапе, не беа доволни за примат на тимот од Париз, туку само за втората позиција.

објавено: 12 септември 2017 - 18:15

Зад нас е најлудиот преоден рок, веројатно каков што немало досега. А пред нас првото коло од Лигата на Шампионите. На почетокот на европската фудбалска сезона, меѓународниот центар за проучување на спортот (ЦИЕС), го анализираше ефектот на клубовите за време на летниот трансфер период, и ја објави листата на најскапите тимови на Стариот континент.

Вистинско изненадување е дека на самиот врв, односно на позицијата еден, не е екипата на ПСЖ.
Ниту 222. милиони вредниот трансфер на Нејмар, ниту оние 160 милиони кои ги дадоа за Килијан Мбапе, не беа доволни за примат на тимот од Париз, туку само за втората позиција.
Заминувањето на Бразилецот, Барселона го надомести со ангажманот на Осман Дембеле за 140.милиони евра, но ниту „спојот" со Меси, Суарез, на Каталонците не им донесоа ништо друго освен позиција 5.
Уште пониско се ланските финалисти на Лигата на шампионите, Реал Мадрид и Јувентус, додека Милан кој летово потроши повеќе од 200 милиони евра, е дури на 13. место.


Моментално, најскапа екипа во Европа има Манчестер Сити. Екипата на Пеп Гвардиола е проценета на дури 853. милиони евра, што е за 242. милиони повеќе во однос на ланската година. А тоа е постигнато со трансферирањето на играчи како Кајл Вокер, Бернардо Силва, Едерсон, Данило, Даглас Луис, како и Бенџамин Менди, за вкупно повеќе од 230.милиони евра.
Следува ПСЖ, со екипа вредна 850.милиони евра (395. милиони повеќе од лани), а трет е Манчестер Јунајтед, кој потрошил 784 милиони евра.
ТОП 5 го затвораат Челзи и Барселона, следуваат Рал, Јувентус, Ливерпул, Арсенал, и Тотенхем кој е десетти.

 

Најново во Меѓународен Фудбал