Искрениот Роналдињо

Не го разбирам Нејмар

На поранешниот фудбалер на Барселона и најдобар играч на светот не му е јасен потегот на неговиот сонародник да ја напушти Каталонија и да се пресели во Париз...

објавено: 8 август 2017 - 17:00

Нејмар е веќе во Париз, иако многумина очекуваа дека нема да „мрдне" од Барселона.

А еден од нив, кои не веруваа во таков трансфер е и неговиот бразилски сонародник - Роналдињо.
Некогаш носителот на играта на Барса, и прогласен за најдобар фудбалер на светот, не очекувал такво нешто од Нејмар.

„Разбирам дека сакал да си отиде поради парите и оние индивидуални награди. Но не разбирам дека срцето не му рекло дека всушност Барселона е единственото идеално место за него" - тврди Роналдињо.

Но тука и не запира. Вели дека не е сигурен дека и како играч на ПСЖ Нејмар ќе биде топ кандидат за „Златката топка".

„Кристијано Роналдо и Лео Меси, двајца сјајни фудбалери. И нема сомнеж дека во овој момент се најдобрите на светот. Но, јас велам Лео затоа што ми е пријател" - истакна Роналдињо за „Ел Мундо Депортиво".

За потсетување, неговата кариера беше сосема спротивна од оваа на Нејмар, затоа што прво играше за парискиот а потоа за каталонскиот гигант.

 

Најново во Меѓународен Фудбал