ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕАЛ ЈАСЕН:

Не го сакам Меси, „пушти корења" во Барселона

Флорентино Перез смета дека сега е доцна да се обиде на „Сантјаго Бернабеу" да го донесе напаѓачот на каталонскиот клуб и да го „спои" со Кристијано Роналдо.

објавено: 8 септември 2017 - 13:30

Во својот прв мандат како претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез направи потег за кој многумина велеа дека е невозможно да се изведе.

Односно да му „украде" играч на својот најголем ривал – Барселона. Но Перез успеа во обидот да го донесе Луис Фиго, во еден неверојатен трансфер кој дефинитивно им зададе голем удар на навивачите на каталонскиот гигант, кои тоа „предавство", никогаш не му го простија на Португалецот.


Се чини дека и во тоа време, Перез имал намера за уште една „кражба" од „Ноу Камп"...

„Јас би се обидел да го донесам Меси во Реал за време на својата прва претседателска етапа. Впрочем тогаш баравме играчи од таков профил" – вели Перез.

Но, со дополнение...

„Но сега нема ништо да се обидувам. Меси 'пушти корења' во Барселона".

По се изгледа дека Меси сепак не е Фиго...

Најново во Меѓународен Фудбал