ФРАНЦУЗИНОТ Е НА ЧЕКОР ДА БИДЕ ПРЕД ДВАЈЦАТА НАЈДОБРИ

Нејмар го брка рекордот што им фали на Роналдо и Меси

Уште во првата сезона како играч на Пари Сен Жермен, Бразилецот сака да направи нешто што не му успеало на никого претходно

објавено: 4 декември 2017 - 13:40

Освен милионите кои ги доби за трансферот во Пари Сен Жермен, Нејмар си замине од Барселона за да излезе од сенка на Лионел Меси. Најголемиот трансфер во историјата на фудбалот се случи, а засега не делува како лош потег. 

Бразилецот е на остварување на постигнување, кое досега не им успеало ниту на Кристијано Роналдо или на Меси. Нејмар е на чекор од тоа да стане првиот играч кој дал гол во сите шест меча во групната фаза од Лигата на шампионите. 

Во досегашните пет дуели против Баерн, Селтик и Андерлехт, даде шест гола. Утре ПСЖ игра против Баерн и доколку Нејмар погоди, ќе биде првиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој погодил во сите шест натпревари. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал