НАВИВАЧИТЕ НА БАЕРН НАЈДОА НАЧИН ГО СОПРАТ БРАЗИЛЕЦОТ

Нејмар го гаѓаа со лажни пари од по 500 евра

Фановите на баварскиот гигант со тој потег протестираа поради скапите влезници

објавено: 6 декември 2017 - 13:05

Баерн Минхен славеше со 3:1 против Пари Сен Жермен во синоќешното дерби во Лигата на шампионите. Баварскиот гигант успеа да му го нанесе првиот пораз на францускиот тим, но и покрај тоа „светците“ завршија како првопласирани во својата група и ќе имаат привилигирана улога пред ждрепката за нокаут фазата. 

На дуелот во Минхен, фановите на Баерн најдоа начин како со еден потег да направат две добри работи за нив. Извадија транспарент на кој пишуваше „75 евра? Ние не сме Нејмар, цените на влезниците мора да бидат нормални“.

Со овој потег, тие сакаа да потенцираат дека нивнито омилен тим мора да ги намали цените за дуелите во Лигата на шампионите, но и да го деконцентрираат најдобриот играч на гостите. Тие фрлаа кон Нејмар со лажни банкноти од по 500 евра кон него на теренот.

На крајот тоа се покажа како успешно, бидејќи Нејмар за прв пат сезонава не даде гол во меч од елитната лига, а со тоа и неуспеа да стане првиот играч во историјата кој успеал да погоди во сите шест средби бо групната фаза. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал