БРАЗИЛЕЦОТ ИМАШЕ ДОБРА ПРИЧИНА ЗА ГЕСТОТ

Нејмар не го смени дресот, бидејќи го имаше донирано

Нејмар одби да му го даде својот дрес на дефанзивецот на Селтик, Ентони Ралстон по мечот од Лигата на шампиони, бидејќи ѕвездата на ПСЖ веќе го имаше ветено на добротворната донација „Марина Далглиш апил" пред дуелот

објавено: 13 септември 2017 - 23:00

Бразилската суперѕвезда беше критикуван поради очигледното одбивање на размената на дресови по 5:0 победата на ПСЖ, посебно бидејќи Ралстон има само 18 години.

Сепак, дресот оди кај добротворната организација формирана од легендата на Селтик и Ливерпул, Кени Далглиш и неговата сопруга Марина, која работи со луѓе кои имаат рак на градите.

 

Најново во Меѓународен Фудбал