Паника кај парижани

Нејмар не може против Реал Мадрид, ПСЖ остана и без Маркињос

Пари Сен Жермен има сериозни проблеми пред реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите и веројатно ќе мора да ја брка негативата од 1:3 без двајцата Бразилци, Нејмар и Маркињос

објавено: 27 февруари 2018 - 11:00

Пари Сен Жермен има сериозни проблеми пред реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите и веројатно ќе мора да ја брка негативата од 1:3 без двајцата Бразилци, Нејмар и Маркињос.

Нејмар има скршена петта метатарзална коска на стапалото и отечен зглоб, па нема да биде подготвен за игра на 6. март против Реал Мадрид. 

На дуелот со Марсеј се повреди и Маркињос, има проблеми со бутниот мускул и тој веројатно нема да биде подготвен за реваншот со шпанскиот и европски првак. Тоа е голем удар за „светците“ од Париз и без бразилскиот тандем шансите за подвиг и елиминација на Реал се драстично намалени.

Најново во Меѓународен Фудбал