СПОРЕД МЕЃУНАРОДНИОТ ЦЕНТАР ЗА СПОРТСКО ИСТРАЖУВАЊЕ

Нејмар вреди најмногу во фудбалскиот свет

Според сите параметри на ЦИЕС напаѓачот на Барселона „тежи" најмногу

објавено: 26 јуни 2017 - 17:00

Ако му се верува на меѓународниот центар за спортско изтражување, тогаш офанзивецот на Барселона, Нејмар Да Силва е највредниот фудбалер на светот.

Според анализата која ја направиле луѓето од ЦИЕС, заснована на трансферите, статистичкиот ефект на играчите, договорите, староста, репутацијата на клубот за кој настапуваат, Нејмар е „највредниот" фудбалер на земјината топка.


Вредноста на Нејмар во овој момент се проценува на 210.7 милиони долари, а интересно е дека зад него не се ниту Меси, ниту пак Роналдо, туку двоецот од Тотенхем, Деле Али и Хари Кејн проценети дека вредат 155.1 милиони долари.
Меси е дури на 4. позиција со 151.7 милиони долари, додека пак официјално најдобриот фудбалер на светот Кристијано Ронадло е дури на 11. место со сума од 112.4 милиони долари.
Во првите десет на оваа интересна листа се уште и

Антоан Гризман од Атлетико Мадрид со 150.3, Луис Суарез (Барселона) кој е проценет дека вреди 140.8, Пол Погба (Манчестер Јунајтед) со 134.3, Гонзало Игуаин (Јувентус) 120.2, Еден Азар (Челзи) 117.2, како и Паоло Дибала (Јувентус) со 115.3 милиони долари.

 

Најново во Меѓународен Фудбал