КАРЛОС ТЕВЕЗ РАЗОЧАРАН ОД КИНА

Нема да научат ниту за 50 години...

Аргентинецот заработува многу пари, но не ужива за време на својот престој во најмногубројната земја на светот. Но изгледа дека и неговите работодавачи го мислат истото за него...

објавено: 23 септември 2017 - 08:30

Шангај Шенгуа во зимскиот трансфер период ги урна сите рекорди откако реши во своите редови да го донесе Карлос Тевез од Аргентина, и тоа за двегодишен договор според кој неговата неделна плата ќе изнеасува 721.000 евра!
Меѓутоа искусниот напаѓач досега во Кина одигра само 16. натпревари и постигна скромни три гола, плус четири асистенции.
Последниот погодок го реализираше уште на 24. Јуни, а од тој ден, па се до денеска Аргентинецот одиграл само три „цели" натпревари (од 1. до 90.минута во игра).
Затоа и поранешниот играч на Манчестер Сити и на Јувентус, а потоа и на Бока Јуниорс доби многу критики во Азија, па сопственикот на клубот за кој игра изјави дека Тевез е неспремен за игра.
Но и Аргентинецот имаше свој одговор.

„Кинезите не се природно талентирани како фудбалерите од Јужна Америка и од Европа. Како играчи кои учат како се игра фудбал од мали. Тие навистина не се добри, па дури ниту за 50 години нема да можат да бидат конкуретни" – рече Тевез за медиумите во Франмција

Во оваа ситуација, не би било никакво изненадување доколку Тевез не се врати во Бока Јуниорс, иако има уште повеќе од една година од договорот со тимот од Шангај.
Со исклучок на финансиската страна, неговиот престој на азискиот континент е тотално промашување, за што говори и изјавата на првиот човек на кинескиот клуб, Ву Ксијаохуи.

Нашата намера беше да доведеме влијателен фудбалер, звезда со голем квалитет, и мислевме дека Тевез ќе ги исполни тие очекувања. Меѓутоа, поради онаа малку завршена работа во текот на зимата, како и слабата кондиција, тој не го реализира она што го замисливме".

Најново во Меѓународен Фудбал