ПРЕД ЖДРЕПКАТА ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО ВО ЛШ

Нема тајни за Реал и за Јуве (ВИДЕО)

Во очекување на ждрепката за полуфиналните двојки во Лигата на Шампионите, малку е веројатно дека некој од четирите тима има некоја желба. Посебно тоа се однесува за Јувентус и за Реал Мадрид, затоа што и едните и другите имаат и позитивни и негативни спомени од минатото...

објавено: 20 април 2017 - 16:17

Во очекување на ждрепката за полуфиналните двојки во Лигата на Шампионите, малку е веројатно дека некој од четирите тима има некоја желба. Посебно тоа се однесува за Јувентус и за Реал Мадрид, затоа што и едните и другите имаат и позитивни и негативни спомени од минатото...

Во квартетот кој оваа година ќе се прашува за освојување на трофејот во Лигата на Шампионите, Јувентус, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Монако, најмногу дуели меѓу себе одиграле екипите од Торино и од Мадрид.


Дури 18 пати се состанувале Реал и Јуве во еврокуповите, и тоа сите 18 во Купот или Лигата на Шампионите.

Вкупниот биланс во тие натпревар се по осум победи на едните и на другите заедно со два нерешени резултато. особено чести беа пресметките во овој век во кој играа дури десет пати. Од тие 18 мечеви, во елиминациската фааза одиграле 14 а во нив тимот од Мадрид е поуспешен затоа што има седм, а оној од Торино пшест, додека еднаш беше нерешено.
Секако, најмногу се памети нивниот финален меч во 1998 година, кога предраг Мијатовиќ му ја донесе седмата титула на кралскиот клуб.


За последен пат играа пред две сезони, токму во полуфиналето. Јувентус беше поуспешен затоа што дома победи со (2:1), а во Мадрид беше нерешено (1:1).


Последните три сезони во евро-куповите ги одбележија и пресметките на градските ривали Реал и Атлетикo. И дури во два наврати играа во финалето. Pрво во 2014 година, а потоа и лани. На двапати славеа „кралевите", минатата година дури по изведување на пеналите.
Помеѓу двете финални средби, играа и во четвртфиналето, а повторно Реал со минимален резултат отиде понатаму.
Во вкупниот скор најтрофејниот европски и шпански клуб има четири победи, „јорганџиите" една, со два нерешени.

Ако не беа успешни против Реал, тогаш фудбалерите на Атлетико го имаа(т) тоа против Јувентус, навистина, играа само два пати, и тоа во групната фаза во 2014/2015.
Во Торино тимот од Мадрид победи со минимални (1:0), додека во реваншот немаше голови.
Монако има половичен ефект против два од треите потенцијални ривали во полуфиналето.
Не играле само против Атлетико Мадрид.
Против „Старата дама" играа во полуфиналето од Лигата на Шампионите во сезоната 1997/98. Екипата предводена од Тјери Анри и Давид трезег играше одличен фудбал, но торинезите беа пресилни. Во Торино беше (4:1) за Јувентус, додека пак на оној во кнежевството, утешни (3:2) за Монако.
Многу поубави спомени Монако има од двомечот од четвртфиналето, дуели одиграни шест години подоцна. Ждрепката ги спои со тогашните „галактикоси", Роналдо, Зидан, Фиго, Роберто Карлос, Раул, Бекам, кои победија со (4:2) на „Сантјаго Бернабеу". И делуваше дека реваншот ќе биде чиста формалност.
Меѓутоа, „отпадникот" Фернандо Мориентес, и Лудовик Жили одлуија да ја приредат една од најголемите сензации во историјата на ова натшреварување. И со резултат (3:1) да го исфрлат најголемиот фаворит за тронот. Подоцна, Монако стигна и до самото финале, но Порто на Жозе Мурињо, беше подобар и славеше со (3:0).
Сериозна е историјата за секој од четирите натпреварувачи. Па како и да се поигра судбината и кого „ќе спојат" топчињата во петочната ждрепка, тешко дека же моѓе да се побегне од некои „флеш-бекови" од минатото.
А тоа секогаш гарантира квалитетен фудбал и добра забава, пред се...

 

Најново во Меѓународен Фудбал