ШАМПИОНОТ ПОГОДУВАШЕ КОГА ТРЕБА, БАВАРЦИТЕ НЕ

НеРЕАЛНО во Минхен, во игра на грешки, Баерн е губитникот!

Кралскиот клуб се враќа во Мадрид со предност од (2:1), иако Гермаците цело време ја имаа топката во своите нозе, и имаа многу поголеми шанси...

објавено: 25 април 2018 - 22:48

Тоа ретко им се случува, но велчерва баерн го дпивеа и тој момент. Да биде победен на својот терен во Минхен, по сопствени грешки, и тоа во најлош можен момент – полуфиналето на лигата на шампионите.

Реал Мадрид ги прифати баварските дарови, и дома си одии пеејќи...
„кралевите" имаат убави (2:1) пред реваншот на „Сантјаго Бернабеу", по заслуга на убиствениот двоец, Марсело-Асенсио, кој с епостави и пред едне кристиано Роналдо.
Редоледно гледано, во 28. минута, сјајна соло акција изведе младиот Џошуа Кимих. Продре во срцето на шеснаесетникот на Реал Мадрид, биеше силно во средината на голот. Изненадувачки голманот Кејлор Навас не успеа да го скроти тој удар и топката заврши во мрежата на гостите, Баерн поведе со (1:0) во вториот полуфинален меч од Лигата на Шампионите.

„Мадридистите" беа во подредена улога, но на одморот, сепак, заминаа задоволни. Ги направи потегот на Марсело, кој една безидејна акција на гостите ја претвори во нерешени (1:1).

Во еден висок лак топката упатена од десната страна падна пред Кристијано Роналдо. Но овој ја пропушти, и таа некако дојде до Марсело. Бразилскиот бек силно ја зафати со левата нога, и преку неколку играчи од одбраната на баварците заврши во левиот долен агол на голот кој го брани Улрих
По само 12. минути игра во вториот дел, Реал Мадрид потполно ја сврти средбата во Минхен. И од заостанување од еден гол, сега се стекна со предност од (2:1).
Зошто е тоа така, во голема мерка треба да му заблагодари на Рафиња...
Бразилецот во редовите на Баерн во 57.минута од играта буквално му ја подари топката на Реал, поточно на Асенсио. Овој во „контра" го исфрли напред Лукас Васкез. Следуваше молневита комбинација, која Асенсио ја заврши со маестрален потег и погодок за големи (2:1) за бранителот на титулата на „Алијанц Арената" во Минхен.

Најново во Меѓународен Фудбал