НА ДЕБИТАНТСКИОТ НАСТАП НА ПОРТУГАЛЕЦОТ ВО ЛШ ЗА ЈУВЕНТУС

НЕВЕРОЈАТНО: Директен црвен картон за Роналдо, почна да плаче и го напушти теренот! (ВИДЕО)

Ова дефинитивно никој не го очекуваше, уште во првиот меч на Јувентус оваа сезона во Лигата на шампионите се соочи со невиден шок.

објавено: 19 септември 2018 - 21:48

На дуелот во Шпанија на „Местаља" против Валенсија беше во тек 29. минута, а една од најголемите ѕвезди во италијанскиот шампион која дојде летово од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо доби директен црвен картон.

Неверојатни сцени на „Местаља", Португалецот во солзи го напушти теренот. Доби црвен картон после дуелот со дефанзивецот Муриљо.

Муриљо падна, се создаде мешаница, а судијата Феликс Брих после консултациите со судијата зад голот го исклучи играчот на Јуве.

Роналдо падна на тревата, почна да плаче во неверување. Можеби престрога судиска одлука, сами проценете...

Најново во Меѓународен Фудбал