Познат е распоредот за првата фаза во ЛШ

Незгодна ждрепка за финалистите, Реал Мадрид во група со Борусија Дортмунд, Тотенхем и Апоел, Јувентус со Барселона, Олимпијакос и Спортинг

Финалистите од минатото издание во Лигата на шампионите ќе имаат тежок распоред во новото издание на најбогатото клупско натпреварување, а шампионот Реал ќе бие битка со Борусија Дортмунд, Тотенхем и Апоел во првата фаза од ЛШ, додека Јувентус ќе мора да најде чаре за Барселона, Олимпијакос и Спортинг

објавено: 24 август 2017 - 19:00

Финалистите од минатото издание во Лигата на шампионите ќе имаат тежок распоред во новото издание на најбогатото клупско натпреварување, а шампионот Реал ќе бие битка со Борусија Дортмунд, Тотенхем и Апоел во првата фаза од ЛШ, додека Јувентус ќе мора да најде чаре за Барселона, Олимпијакос и Спортинг.

Вардар со малку среќа можеше да се најде на денешната ждрепка на местото на Карабах, во исклучително тешката Ц група со Челзи, Атлетико Мадрид и Рома.

Еве го составот на сите групи

Група А - Бенфика, Манчестер јунајтед, Базел, ЦСКА Москва

Група Б - Баерн, Пари Сен Жермен, Андерлехт, Селтик

Група Ц - Челзи, Атлетико Мадрид, Рома, Карабах

Група Д - Јувентус, Барселона, Олимпијакос, Спортинг

Група Е - Спартак Москва, Севилја, Ливерпул, Марибор

Група Ф - Шахтар Донецк, Манчестер сити, Наполи, Феенорд

Група Г - Монако, Порто, Бешикташ, Лајпциг

Група Х - Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Тотенхем, Апоел

На церемонијата беа избрани и најдобрите за ланската сезона.

Џиџи Буфон го доби признанието за најдобар голман, а за триото од Реал Мадрид, Серхио Рамос, Лука Модриќ и Кристијано Роналдо резервирани се наградите за најдобар дефанзивец, играч од средниот ред и напаѓач.

Најново во Меѓународен Фудбал