Баварците со реми без голови го визираа патот кон полуфинале

Нов попуст за Реал Мадрид, храбриот Јувентус падна од пенал во последните секунди

Реал Мадрид со многу среќа се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, а повторно имаа мал попуст од судиите и со пенал во последните секунди го елиминираа храбриот Јувентус. Полуфиналниот квартет во ЛШ го комплетира Баерн со реми без голови против Севилја

објавено: 11 април 2018 - 22:47

Реал Мадрид со многу среќа се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, а повторно имаа мал попуст од судиите и со пенал во последните секунди го елиминираа храбриот Јувентус. Полуфиналниот квартет во ЛШ го комплетира Баерн со реми без голови против Севилја.

Судијата Оливер досуди пенал за актуелниот европски првак во последните секунди од реваншот, а дотогаш Јувентус веќе ја анулира предноста на Реал од првиот меч. Но, Кристијано Роналдо не дозволи сензација и да се случи едно од најголемите чуда во модерниот фудбал, со гол од белата точка ја исфрли „Старата дама“ од игра за титулата.

Притоа исклучен беше Буфон поради неспортска реакција, а Шчесни не успеа да го одбрани ударот на Португалецот.

Во полуфиналето покрај Баерн и Реал ќе играат и Ливерпул и Рома.

Најново во Меѓународен Фудбал