СТИГНАА ПРВИТЕ ЗАКАНИ

Од Атлетико порачаа: Сега е перфектен момент за реванш против Реал

Дефанзивецот на „јорганџиите“ Фелипе Луис сака конечно да се израдува против градскиот ривал во Лигата на шампионите

објавено: 21 април 2017 - 13:48

Атлетико Мадрид за помалку од една година доби шанса да се реваншира на Реал Мадрид, за поразот во ланското финале во Лигата на шампионите. „Јорганџиите“ два пати во претходните три години играа во борба за трофејот, но во двата случаи Реал им ја скратуваше радоста во финалето. 

Сега, градските ривали ќе играат во полуфиналето од елитната лига, а во Атлетико веруваат дека може да се радуваат по двомечот. 

„Сега е перфектен момент да им вратиме“, напиша дефанзивецот на Атлетико, Фелипе Луис на својот Твитер профил.

Најново во Меѓународен Фудбал