Каков триумфален пат на новите владетели во Европа

Од Вардар до Нион, јуниорите на Салцбург се сензационални шампиони во ЛШ

Јуниорите на Салцбург се сензационални победници во Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години, откако денеска во финалниот меч ја победија Бенфика со 2:1

објавено: 24 април 2017 - 19:04

Јуниорите на Салцбург се сензационални победници во Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години, откако денеска во финалниот меч во Нион ја победија Бенфика со 2:1.

Од Вардар и мечот со нашиот јуниорски шампион тргна походот на Австријците кон врвот на Европа, а подвигот е уште позначаен, ако се погледне листата на елиминирани екипи. По Вардар, кој падна со убедливи 8:0 во двата натпревари, Салцбург ги „нареди“ Каират Алмати со вкупни 9:1, потоа елиминиран беше Манчестер сити на пенали, па Пари Сен Жермен со триумф од 5:0 и потоа со идентичен резултат од 2:1 „паднаа“ Атлетико Мадрид, Барселона и денеска во финалето Бенфика.

Португалците поведоа со голот на Гомеш во 29. минута, а потоа Австријците направија пресврт и со прецизните удари на Патсон и на Шмит славеа победа, вредна европска круна во ЛШ. Салцбург е четвртиот шампион на Стариот континент, а претходно Челзи двапати и еднаш Барселона ја освојуваа титулата.

Најново во Меѓународен Фудбал