Монако го „бетонира" својот најдобар играч

Осум и пол пати поголема плата за Мбапе

Иако лицитацијата е отворена, „кнезовите" сакаат да го задржат младиот напаѓач најмалку уште една сезона, и добро да платат за тоа.

објавено: 1 јули 2017 - 18:00

Се шпекулира дека многу европски гиганти, пред се Манчестер Сити и Реал Мадрид се подготвени да издвојат 130.милиони евра. Но во кнежевството наречено Монако и не се толку расположени да ја пуштат предвреме својата најголема звезда во тимот – Килијан Мбапе.

Новиот француски шампион е спремен да му даде сериозно покачување на платата на својот вундеркинд. Ако се земе в предвид дека неговата плата во овој момент е милион евра (на годишно ниво), наводно, „кнезовите" би му давале дури осум и пол пати повеќе во однос на таа сума.
Па во наредната, можеби и и последна за него сезона во црвено белиот дрес, Мбапе би заработил дури 8.5 милиони евра.
Меѓутоа, јасно е дека нема да им биде воопшто лесно, особено ако се земе в предвид дека покрај Реал и Сити, во игра се и ПСЖ, Барселона, па дури и Арсенал, кои се сериозно подготвени уште ова лето да дојдат до европското „чудо".

Најново во Меѓународен Фудбал