ГЕРМАНЕЦОТ НЕ САКА ДА ОСТАНЕ ВО АРСЕНАЛ

ОЗИЛ БАШ СЕ ЦЕНИ, СЕ ЧИНИ И ПРЕМНОГУ: Kаталонци, спремете 19. милиони евра

Веројатно и премногу самоуверени се барањата на германскито играч за врска на „топчиите"...

објавено: 24 ноември 2017 - 09:00

Не е нималку скромен, напротив...

Mесут Oзил, макар и неофицијално, испратил порака до раководството на Барселона околу тоа со колкава плата би бил задоволен доколку во текот на јануари до него стигне понуда од страна на каталонскиот клуб.

Според наводите на шпанскиот „Ас", германскиот репрезентативец побарал дури 19. милиони евра, макар и во еден бруто износ.
Најмногу поради тоа што би го добиел Озил уште оваа зима, за не повече од 20.милиони евра како отштета за предвремено заминување (договорот му истекнува наредниот јуни).
Секако, прашање е дали и ќе добие толку, ако се земе в предвид и тоа дека Барселона има и тоа како скапи играчи „за одржување" (Меси, Суарез, Иниеста, Пике), а згора на тоа УЕФА бара финансиски фер-плеј.
Најреална варијанта е сепак за месец-два Барса да се „откачи" од проблематичниот Арда Туран кој не пак никако не прифаќа предвремен раскин на договорот.
Ништо против овој трансфер нема ниту Арсен Венгер, кој наводно веќе спремил заменик за Озил во неговата екипа – Леон Горецки од Шалке.

Најново во Меѓународен Фудбал