ПСЖ МУ НУДИ ТРАМПА НА АТЛЕТИКО

Пасторе за Облак?

Евидентно е дека тимот од Париз има намера да влезе во самата елита на европскиот фудбал, па најавува уште спектакуларни промени во тимот за следната сезона. „Удираат" и на голманската позиција...

објавено: 12 август 2017 - 19:30

Богатите сопственици на ПСЖ не даваат мир на трансфер пазарот во Европа. Откако направија вистински земјотрес на трансфер маркетот со ангажирањето на Нејмар за неверојатни 222.милиони евра, немаат намера тука и да застанат.

Евидентно е дека сакаат да одат уште понатаму, до самиот врв во Европа, па јавно велат дека за нив преодниот рок не е завршен.
Дека освен се појасните сигнали кон Монако за трансфер на Килијан Мбапе, сега се усмерени и кон голманската позиција.
И имаат смислено план кој вели дека ќе биде испратена и конкретна понуда до челниците на Атлетико од Мадрид во која ќе биде вклучен Хавиер Пасторе од едната, и Јан Облак од другата страна.


Меѓутоа доколку се реализира трансферот на Мбапе, луѓето од ПСЖ ќе мора да приходуваат околу 90. милиони евра до крајот на преодниот рок.
Од тие причини и ќе им биде тешко да ја активираат откупната клаузула за Облак, која изнесува 100 милиони евра, туку имаат една друга и реално изводлива опција, да направат замена.
„Светците" мораат да продолжат со продажбата, а чекор напред во таа насока би требало да биде потенцијалниот трансфер на Ангел Ди Марија во Барселона.
Јасно е дека Каталонците не ги мирисаат многу, н осепак, соочени со големиот број на откази за трансфер на заменици за Нејмар, би можеле да размислуваат и за оваа опција.
Кутињо, Дембеле, па и Ериксен во последно време, се се подалеку од „Камп Ноу", па во Барселона мора да се размислува и за Ди МАрија.
„Марка" пренесе дека Аргентинецот е веќе на пат за Каталонија.

 

Најново во Меѓународен Фудбал